Линкови за пристапност

Шангај ги објави првите смртни случаи од омикрон


Шангај ги објави првите смртни случаи откако омикрон се рашири минатиот месец во овој кинески град.

Тројцата постари лица кои починале вчера имале претходни заболувања и не биле вакцинирани, според официјалните лица.

На 26 милиони жители на Шангај им беше наредено да останат во своите домови од почетокт на април како последица на нови заразени со ковидд, во голема мера предизвикани од омикрон.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, над 504 милиони ковид случаи на глобално ниво се регистрирани заклучно со денес, и 6,2 милиони смртни случаи.

Оттаму велат дека досега се администрирани повеќе од 11 милијарди вакцини.

XS
SM
MD
LG