Линкови за пристапност

Не верувам дека Украинците треба да плаќаат со живот за да има политичка волја да се воведат санкции, рече Кулеба


Мислам дека договорот што го нуди Украина е праведен - вие ни давате оружје, ние ги жртвуваме нашите животи, рече украинскиот министер за надворешни работи
Мислам дека договорот што го нуди Украина е праведен - вие ни давате оружје, ние ги жртвуваме нашите животи, рече украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денес ја отфрли неподготвеноста на некои земји да ги исполнат украинските барања за оружје поради страв дека ќе бидат вовлечени во конфликт со Русија, велејќи дека ако ѝ се даде на Украина она што ѝ треба, Украинците ќе се борат за да не мора никој друг тоа да го прави.

„Мислам дека договорот што го нуди Украина е праведен: вие ни давате оружје, ние ги жртвуваме нашите животи“, рече Кулеба.

Тој зборуваше во Брисел пред средбата со министрите за надворешни работи на НАТО, заедно со генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој рече дека сојузниците ќе ги адресираат потребите на Украина за системи за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје и друга поддршка.

„Колку повеќе оружје добиваме и колку побрзо пристигне во Украина, толку повеќе животи ќе се спасат, толку повеќе градови и села нема да бидат уништени, и нема да има уште Бучи “, рече Кулеба.

Кулеба ги поздрави новите западни санкции против Русија, но повика на дополнителни мерки, вклучително и целосно ембарго на руската нафта и гас, блокирајќи ги сите руски банки од банкарскиот систем Свифт, како и затворање на пристаништата за руски бродови и стоки.

„Не верувам дека Украинците треба да плаќаат со своите животи, пекол и страдања за политичката волја на партнерите да воведат санкции“, рече Кулеба.

САД и нивните западни сојузници вчера најавија „нови, строги и непосредни економски санкции“ против Русија, забранувајќи ги американските инвестиции таму, целосно блокирајќи ги најголемите финансиски институции во земјата и таргетирајќи го имотот на возрасните деца на претседателот Владимир Путин.

„Заедно со нашите сојузници и нашите партнери, ќе продолжиме да ги зголемуваме економските трошоци за да се зголеми болката за Путин и дополнително да се зголеми економската изолација на Русија“, рече вчера претседателот Џо Бајден.

Новите санкции, според Белата куќа, се реакција за злосторствата против украинските цивили наводно извршени од руски војници, вклучувајќи ги и оние што беа откриени неодамна во Буча.

Русија негираше дека убила цивили во Буча.

XS
SM
MD
LG