Линкови за пристапност

Постојат конкретни операции против стабилноста на Западен Балкан, рече Ковачевски 


Вашингтон, клучниот партнер на Скопје, предупреди дека војната што ја почна Москва влијае и врз Балканот и неговата стабилност
Вашингтон, клучниот партнер на Скопје, предупреди дека војната што ја почна Москва влијае и врз Балканот и неговата стабилност

Цели две години по влезот на Северна Македонија во НАТО, стана многу видливо зошто земјата, со децении, толку се трудеше за да стане дел од Алијансата. Владиниот врв ја употреби руската агресија врз Украина за да ја потврди исправноста на одлуката за зачленување, но и да укаже каква би била опасноста од останувањето надвор од евроатлантскиот систем.

„Оваа криза покажува колку е непредвидлив светот во кој живееме и колку е важно да се биде дел од глобалната структура и да се имаат сојузници. Кога се води војна на тлото на Европа цврсто сме уверени во принципот на НАТО – еден за сите, сите за еден“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Вашингтон, клучниот партнер на Скопје, предупреди дека војната што ја почна Москва влијае и врз Балканот и неговата стабилност.

„Денес, како што руската неоправдана агресија врз Украина ја загрозува регионалната безбедност, всушност увидуваме колку е важно ова партерство за Северна Македонија и Европа. Како вреден и рамноправен партнер, Северна Македонија доброволно го сподели товарот за одговор на оваа актуелна закана“, вели Кејт Брнз, амбасадорка на САД во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски беше поконкретен. Вели постојат конкретни хибридни закани и операции насочени против стабилноста на Западен Балкан.

„Заедно со нашите сојузници во НАТО внимателно ги следиме и се спротивставуваме заеднички на хибридните закани кои имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ во регионот на Западен Балкан. Ги следиме и се спротивставуваме и на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот“, вели Ковачевски.

Најсоодветен начин за справување со овие закани, според македонската влада, е целосна интеграција во европскиот и евроатлантскиот систем.

„Западен Балкан веќе е поприште за геополитички натпревар и затоа е потребна јасна, брза и опиплива поддршка. Сега, повеќе од кога било, евроатлантската и европската интеграција на Западен Балкан треба да се гледаат како алатки за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на југоисточното крило на НАТО и на ЕУ“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Дека руското присуство во земјава е повеќе од само дипломатско, зборува и фактот дека минатата недела властите во Скопје протераа петмина вработени во Руската амбасада поради, како што изјави претседателот Стево Пендаровски, „излегле од мандатот што го имале“.

Брнз: Руската неоправдана агресија врз Украина ја загрозува регионалната безбедност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

XS
SM
MD
LG