Линкови за пристапност

Петков: Руски агенти работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија


Државна агенција за национална сигурност на Бугарија (ДАНС) и Специјалното Обвинителство отворија предистрага за шпионажа во корист на Руската Федерација

СОФИЈА - Бугарскиот премиер, Кирил Петков изјави дека руски агенти во Бугарија, работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија. Петков соопшти дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, а еден од фокусите бил да нема европска иднина за Западниот Балкан.

„Она што го истражуваме во моментов на многу места е дека агенцијата работи напорно, има доста голема агентна дијаспора формирана во Бугарија, руска, која моментално гледаме дека работи на многу различни интереси. Дел од она што веќе ми беше пријавено е дека имаме руски агенти кои работеле против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а рускиот интерес е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“ – изјави Петков.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, со став дека националната агенција за безбедност, како што вели, имала здрав имунолошки систем и таму активно се работело да се спречи пробив на некакви шпиунски активности.

Ова е втор ваков скандал за еден месец во Бугарија.

На втори март, бугарското контра-разузнавање откри резервен генерал кој шпионирал за Кремљ.

Како одговор, бугарските власти протераа двајца руски дипломати.

XS
SM
MD
LG