Линкови за пристапност

Османи: Против договор со Бугарија работат и службеници во македонски институции


Шефот на дипломатијата не посочи дали станува збор за припадници на безбедносните или разузнавачките служби. Протераните руски дипломати и лицата во Бугарија осомничени за шпионажа во корист на Русија имале ист контекст на делување но засега нема докази дека работеле заедно


СКОПЈЕ – Нестабилен регион, Западен Балкан надвор од Европската Унија и отворен спор со Бугарија и блокиран процесот за европска интеграција на државата е цел елементи и структури во двете држави, соопшти денеска шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, на редовниот брифинг со новинарите. Тој соопшти дека е известен од бугарските власти за лица од Македонија, вработени во државни институции, кои агитирале да не се постигне било какво решение и да не се потпише никаков договор со кој би се придвижиле процесите и нагласи дека овие струи во двете држави ќе станат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.

„Колку повеќе ќе се зголемуваат изгледите за изнаоѓање на решение за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат вознемирени луѓето кои цело време работеа оваа перспектива да не се случи. Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот ангажман затоа што овде ќе се оди брзо избори, дека ќе има предвремени избори и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение. Таквите обиди се од луѓе во институции кои се на иста линија со оние кои ги коментира премиерот на Бугарија, Кирил Петков. Луѓе кои ќе се обидат да го задржат отворено прашањето со Бугарија, да го одржат закочен процесот на европска интеграција, за да може овој регион секогаш да биде платформа за некој да го користи за остварување на свои цели. Регионот, земјите членки, ЕУ, Трансатлантскиот сојуз имаат потреба за стратешко лидерство во овој период со цел регионот да се консолидира безбедносно, политички и економски“, изјави Османи
Тој потврди дека нема докази оти протраните руски дипломати работеле во дослух со службениците во бугарската Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) кои се осомничени за шпионажа во корист на Русија, но додаде дека контекстот на делување е ист

„ Не можам да зборувам јавно за конкретните активности кои ги имаат превземено дипломатите од амбасадата на Руската Федерација кои се потврдени од стана на нашите на служби, но мислам дека контекстот може да се поврзе со она што го кажуваат бугарските власти по однос на активноста за попречување на односите или пак деблокирање на евопрската перспектива “, рече Османи.

Околу текот на разговорите со со Бугарија тој потврди дека постои сериозен напредок но дека сеушпте е рано за да се брифира јавноста или пак да се говори за потпишување на било каков договор или протокол бидеејќи прво мора да се затворат сите прашања. Тој истакна дека напредок има во работата на сите групи како и на Комисијата за историски прашња и најави дека ќе се постигне сеопфатен договор по отворените прашања Собранието и јавноста ќе бидат известени.

„Мислам дека мора да има сеопфатен договор бидејќи тогаш ќе стане подвижна мета и постојано ќе има нови прашања кои ќе се отвараат и тоа ќе создаде непредвидливост во нашите односи. На крај ако за едно прашање не се договориме сите други договорени прашња ќе бидат недоволни за постигнување на договор “, соопшти Османи.

Шефот на дипломатија е дециден дека внесување на бугарското малцинство во Уставо може да се случи само во текот на преговорите никако пред почетокот додека истото прашање во Бугарија е решено со договорите од 1999 и 2017 година со кои Македонија се обврза дека нема да се меша во внатрешните прашања на Бугарија

Наредните денови Османи ќе има средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, се работи на утврдување на датум за втората меѓувладина средба а ако се создадат услови или се јави потреба ќе се одржи и средба на највиоко ниво.

XS
SM
MD
LG