Линкови за пристапност

Ковачевски во НАТО: Северна Македонија со поддршка за Украина и остра осуда на руската агресија


Ковачевски пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел
Ковачевски пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел

Северна Македонија, уште еднаш, од Брисел, го потврди територијалниот интегритет на Украина и остро ја осуди руската агресија. Владина делегација, предводена од премиерот Ковачевски, денеска учествува на вонредниот самит на НАТО, на кој, во присуство и на американскиот претседател Бајден, се расправа за ситуацијата во Украина и мерките што Алијансата ќе ги преземе.

Изјава на Ковачевски во Брисел, НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:49 0:00

Се очекува дополнително засилување на источното крило на НАТО.

„Денес, сведоци сме на многу предизвикувачки период за Европа и за целиот свет. Мислевме дека мирот и стабилноста во Европа се загарантирани, но овој чин на агресија на Руската Федерација врз Украина резултираше со невиден напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава. Сите НАТО сојузници се обединети и ќе ја продолжиме нашата поддршка за слободните граѓани на Украина, ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја-членка ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ и на НАТО се со цел да се спречат нападите на Путинова Русија врз Украина. Веруваме дека единствен начин е мирно решение.“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во Брисел пред Самитот на НАТО.

XS
SM
MD
LG