Линкови за пристапност

Северна Македонија ќе присуствува на утрешниот вонреден самит на НАТО за руската агресија врз Украина


Имаме одговорност да се погрижиме војната да не ескалира подалеку од Украина и да не стане конфликт меѓу НАТО и Русија. Ова би предизвикало уште поголема смрт и уште повеќе уништување.“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
Имаме одговорност да се погрижиме војната да не ескалира подалеку од Украина и да не стане конфликт меѓу НАТО и Русија. Ова би предизвикало уште поголема смрт и уште повеќе уништување.“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Делегацијата ќе ја предводи премиерот Ковачевски, придружуван од шефот на дипломатијата, Бујар Османи, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Државниот врв на Северна Македонија на Самит на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Дополнителни информации владата не соопштува – не се прецизира дали ќе има и дополнителни средби на маргините на Самитот на шефови и држави и влади на земјите-членки на НАТО на кој ќе присуствува и американскиот претседател, Џо Бајден. Во пресрет на заседанието на врвот на Алијансата, Генералниот секретар, Столтенберг, најави нови мерки кои НАТО ќе ги преземе, но испорача и предупредување дека треба да се избегне поголем конфликт.

Очекувам лидерите да се согласат да го зајакнат ставот на НАТО во сите сфери. Со големи зголемувања на нашите сили во источниот дел на Алијансата. На копно, во воздух и на море. Првиот чекор е распоредување на четири нови борбени групи на НАТО - во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.
Столтенберг, генерален сектетар на НАТО

„Очекувам лидерите да се согласат да го зајакнат ставот на НАТО во сите сфери. Со големи зголемувања на нашите сили во источниот дел на Алијансата. На копно, во воздух и на море. Првиот чекор е распоредување на четири нови борбени групи на НАТО - во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. Имаме одговорност да се погрижиме војната да не ескалира подалеку од Украина и да не стане конфликт меѓу НАТО и Русија. Ова би предизвикало уште поголема смрт и уште повеќе уништување.“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Паралелно со обидите за изнаоѓање примирје, се засилуваат и напорите за обезбедување соодветно сместување за милионите украински граѓани - бегалци пред налетот на руската армија.

Северна Македонија е подготвена за прием на бегалци.

„Владата презема конкретни чекори и беа задолжени министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за финансии, за надворешни и за внатрешни работи да преземат мерки за организирано прифаќање на евентуални бегалци и нивно сместување. Министерството за финансии беше задолжено да обезбеди 120 милиони денари за хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓани на Украина кои би дошле во Северна Македонија. Досега според последните информации нема лица кои побарале статус на бегалец. Сите оние кои доаѓаат се сместуваат кај роднини и кај пријатели.“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Владата на Северна Македонија.

Бројката со која се калкулира е околу 500. Се смета дека толку украински државјани се наоѓаат во земјава - тие се сместени кај пријатели и роднини и досега не побарале статус на бегалци.

XS
SM
MD
LG