Линкови за пристапност

Кристина Атовска за Гласот на Америка: Лавов е претворен во хуманитарен град


Криситина Атовска - првата новинарка од Северна Македонија во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:39 0:00

Кристина Атовска новинарка од Утрински брифинг

Кристина Атовска новинарка од Утрински брифинг е првата новинарка од Северна Македонија вели ова е градот кој прв ги пречекува сите оние кои бегаат од својата земја, кои се обидуваат да излезат и да се најдат на сигурно.

Глас на Америка: Кристина, се наоѓаш во градот Лавов, Западна Украина кој важи за еден од побезбедните градови во Украина. Каква е состојбата таму и што се случува?

Кристина Атовска: Можам да кажам дека ова е градот кој прв ги пречекува сите оние кои бегаат од својата земја, кои се обидуваат да излезат и да се најдат на сигурно. Токму преку овој град е излезот од земјава по најбезбедниот пат. Колку е тоа безбедно не се знае, бидејќи градоначалникот на Лавов рече дека повеќе не постојат безбедни и небезбедни градови во Украина и им порача на сите оние кои се наоѓаат овде, да не го игнорираат сигналот за тревога и веднаш да се засолнат, бидејќи не се знае кога и дали ќе дојде опасноста и до овде. На секој втор ден има по едно бомбардирање. Не во Лавов, туку во неговата околина. Таков беше случајот со воената база близу полската граница, како и со гранатирањето на Лавовскиот аеродром. Овде пристигнуваат и луѓе кои не сакаат да ја напуштат својата држава. Тоа се претежно најголемите оптимисти дека сево ова многу бргу ќе заврши, па ќе можат да се вратат во своите градови.

Глас на Америка: Велиш дека градот Лавов е одлично организиран кога е во прашање прифаќањето на овие луѓе?

Кристина Атовска: Пунктови за помош има насекаде и тоа секаков вид на помош. Сите кои ќе пристигнат во овој град, прво ќе бидат најадени, напиени, стоплени, а секако има и безброј хуманитарни организации, кои нудат секаква помош, медицинска и психолошка, но и информативна помош, каде можат да се засолнат, како да најдат најбрза пат за засолнување, а се организира и бесплатен превоз за поголем дел од нив. Заклучокот од извештаите кои ги добиваме е дека можеби за степен полесно оди евакуацијата на граѓаните, отколку доставата на хуманитарна помош. Некако како да не пропуштаат русите да поминат хуманитарните кордони и сите оние организации, кои се видливо означени како хуманитарни организации, кои треба да ги обезбедат луѓето кои останаа заглавени со храна и пијалоци.

Глас на Америка: Тешко ли е да се стигне во моментот до Киев? Какви се твоите планови во однос на понатмошниот престој во Украина?

Кристина Атовска: Што се однесува до главниот град Киев и оние најпогодени градови, од ден во ден станува се поопасно и поневозможно да се влезе. Дури и сите оние мали рути, сега веќе се откриени, а кои им беа познати само на локалците од тие градови. И сега веќе влезот во тие градови би бил практично самоубиство. Иако мојот план одовде беше да се упатам во Киев, сепак сите совети од овде беа да не го правам тоа, бидејќи големи се шансите тој обид да нема да го преживеам. Затоа се решив да останам уште неколку дена овде во Лавов да видам каква ќе биде состојбата, а можеби ќе размислам и за некоја друга рута и да посетам некои од другите западни градови, кои исто така се цел на бомбардирање на русите.

Глас на Америка: Дали постои страв помеѓу граѓаните што понатаму?

Кристина Атовска: Една работа што ја забележав е дека луѓето од Лавов помалку се плашат од луѓето кои доаѓаат од бомбардираните градови. Во текот на вчерашниот ден како и денес се вклучија сигналите за тревога, а јас бев на отворено. Сите оние кои се жители на Лавов останаа на улица, не се упатија кон засолништата, а сите оние кои се дојдени од Киев, Харков, Одеса, Мариопул, од сите оние бомбардирани градови, веднаш бараат засолниште и ја почитуваат тревогата до самиот крај помош, каде можат да се засолнат, како да најдат најбрза пат за засолнување, а се организира и бесплатен превоз за поголем дел од нив. Заклучокот од извештаите кои ги добиваме е дека можеби за степен полесно оди евакуацијата на граѓаните, отколку доставата на хуманитарна помош. Некако како да не пропуштаат русите да поминат хуманитарните кордони и сите оние организации, кои се видливо означени како хуманитарни организации, кои треба да ги обезбедат луѓето кои останаа заглавени со храна и пијалоци.

Глас на Америка: Дали е голем е бројот на странски новинар кои се наоѓаат во Лвив?

Кристина Атовска: Преку илјада. Во медиа центарот, особено последните неколку денови е пренатрупано. Има новинари од целиот свет, дури и од прекуокеанските држави. Најмногу присутни има американски новинари овде во Лавов. На онаа група која ја имаме ние присутните во Лавов, новинари и медиумски претставници за да комуницираме има преку 1.600 новинари. Голем дел од администрацијата е донесена овде во Лавов. Овде во прес центарот последните неколку дена малку се заострени и правилата за новинари. Овде доаѓаат високи претставници. Кога има вака високи претставници, на влез во прес центарот ги проверуваат сите ваши документи, а ни ги претресуваат и ранците. Што се однесува до помалите градови таму состојбата е многу по опасна и таму не можеме да кажеме дека има безбеден хотел и безбеден место. Најтешко им е колегите кои се заглавени во Мариопул, Одеса, бидејќи во Мариопул се уште се заглавени илјадници граѓани.

XS
SM
MD
LG