Линкови за пристапност

Украина бара поголема помош пред денешната средба на лидерите на НАТО во Брисел


Бајден треба да објави нова рунда санкции насочени кон руски политички поединци, олигарси и други субјекти
Бајден треба да објави нова рунда санкции насочени кон руски политички поединци, олигарси и други субјекти

Лидерите на НАТО денес се среќаават во Брисел за да разговараат за нивниот краткорочен и долгорочен одговор на едномесечната руска инвазија на Украина.

Тие треба да слушнат и директна молба од украинскиот претседател Володимир Зеленски за поголема помош.

Пред состанокот, Зеленски преку видеопорака на англиски јазик, побара од членките на НАТО „ефикасна и неограничена“ поддршка, вклучително и оружје за украинските сили.

Зеленски, исто така, апелираше до граѓаните ширум светот да одржат јавни протести против руската инвазија.

„Дојдете со украински симболи за поддршка на Украина, за поддршка на слободата, за поддршка на животот“, рече Зеленски, и додаде:

„Излезете на вашите плоштади, на вашите улици, да бидете видени и слушнати“.

Покрај состанокот на НАТО, претседателот на САД Џо Бајден денес ќе има средби и со лидерите на групата Г7 и во Европскиот совет.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека генералната цел е да се слушне „решителноста и единството што ги видовме изминатиот месец ќе траат онолку долго колку што е потребно“.

Саливан рече дека тоа значи земјите да ги следат обврските за снабдување на Украина со воена опрема, за спроведување на постоечките санкции против Русија и да бараат начини за зголемување на хуманитарната помош за погодените од војната.

Бајден треба да објави нова рунда санкции насочени кон руски политички поединци, олигарси и други субјекти.

Велика Британија денес соопшти дека нејзиниот нов пакет санкции вклучува замрзнување на средствата на „Газпромбанк“, главен канал за плаќања за нафта и гас, како и на „Алфа банка“, врвен приватен кредитор во Русија.

Меѓу санкционираните лица се и нафтениот тајкун Евгениј Швидлер, извршниот директор на „Сбербанк“ Герман Греф и Полина Ковалева, чиј очув е министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Решени сме да продолжиме да наметнуваме трошоци за Русија за да се стави крај на оваа брутална војна“, рече Столтенберг при отворањето на состаноците денес.

Запрашан за улогата на Кина, Столтенберг рече дека Кина треба „да му се придружи на остатокот од светот јасно да ја осуди руската инвазија на Украина и да не да обезбеди политичка, ниту каква било материјална поддршка за руската инвазија на Украина“.

Столтенберг рече дека НАТО формира четири нови борбени групи во источното крило на Алијансата, како дел од нејзините дополнителни одбранбени мерки по руската инвазија на Украина.

Единиците за борбена подготвеност треба да се распоредат во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.

Обединетите нации (ОН) соопштија дека повеќе од 3,6 милиони бегалци ја напуштиле Украина откако почна руската инвазија пред еден месец. Уште 6,5 милиони луѓе се раселени од нивните домови низ државата.

Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG