Линкови за пристапност

Група медиуми во Северна Македонија шири лажни вести за Украина, предупреди Џабир Дерала од „Цивил“


Постои една група медиуми која е жестоко вклучена во дезинформациски кампањи повеќе од кога било порано, на кои очигледен спонзор, поттикнувач и архитект е токму Кремаљ, вели Дерала
Постои една група медиуми која е жестоко вклучена во дезинформациски кампањи повеќе од кога било порано, на кои очигледен спонзор, поттикнувач и архитект е токму Кремаљ, вели Дерала

Војната во Украина уште од самиот почеток го наполни медиумскиот простор во Северна Македонија со лажни вести и дезинформации кои имаат за цел ширење на строго утврдена пропагандна кампања, предупредува Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.

Тоа, вели тој, е нешто што го регистрираат секој ден.

„Постои една групација од медиуми кои се жестоко вклучени во дезинформациските кампањи повеќе од кога било порано, на кои очигледен спонзор, поттикнувач и архитект е токму Кремаљ“, вели Дерала.

Тој нагласува дека материјалот е обемен.

„Една подземна и не толку очигледна кампања, која е наменета да се создаде атмосфера, односно сентимент, кој е антизападен, а секако во корист на руската страна. Имаме голем дел случаи на релативизација на фрукталната агресија врз цивилното население во Украина“, вели тој.

Советот за етика во медиумите имал бројни укажувања, поврзани со непрофесионално и сензационалистичко информирање во врска со случувањата во Украина.

Група медиуми во Северна Македонија шири лажни вести за Украина, предупреди Џабир Дерала од „Цивил“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

„Има укажувања за сензационалистички наслови, објавување на вознемирувачки содржини, кои можат да ја вознемират особено малолетната публика. Имаме појава на информации кои значат едноставно пренесување на фабрикувани содржини, содржини во кои се манипулира до степен да се користат дури и снимки од видеоигри, како сегменти кои ја поткрепуваат информацијата“, вели Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите.

Оттаму ги овикуваат медиумите да се придржуваат кон Кодексот на новинари, а информациите што ги пласираат на социјалните мрежи да се употребуваат со особена внимателност.

„Ние имаме случаи во кои се преземени содржини од портали од соседните држави, кои предизвикаа и паника кај населението, па оттука имавме ситуации да чекаат на бензинска станица со часови и да ги празнат полиците од маркетите“, рече Тунева.

Овие кампањи со дезинформации и пропаганда се внимателно конструирани и истите се насочени кон одредени таргет групи, додава Дерала.

„Некои од нив се за поширока публика, која има причини реални или нереални, да биде антизападна. Има друга таргет група, која на еден суптилен и покомплексен начин се привлекуваат луѓето кои се креатори на јавното мислење. Но, се забележува и една тенденција во која се гледа едно добро професионално изработено четиво, позади кое стојат добро платени професионалци што си ја знаат работата“, вели Дерала.

Од Советот за етика во медиумите сметаат дека секој професионален медиум може да ѝ помогне на јавноста, бидејќи велат дека во напливот на шпекулации и дезинформации, неретко граѓаните не можат лесно да препознаат која е професионалната сторија што го заслужува нивното внимание.

XS
SM
MD
LG