Линкови за пристапност

Русија гранатираше област во близина на аеродромот во Лавов, Украина


Неколку руски ракети беа насочени кон западноукраинско подрачје во близина на аеродромот во Лавов во петокот.

Според градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, аеродромот не бил погоден, туку бил погоден објект за поправка на авиони.

Нема информации за жртви од нападот во близина на Лавов, кој е на околу 80 километри од границата на Украина со Полска.

Во областа околу аеродромот можеше да се забележи голем облак од чад.

Во меѓувреме, во Мариупол, преживеаните почнаа да излегуваат од театарот во Мариупол што беше погоден од руски ракети во средата.

Се верува дека стотици луѓе, вклучително и деца, нашле засолниште во Драмскиот театар.

Се уште не е јасно колку луѓе го преживеале нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден закажа телефонски разговор со кинескиот претседател Шји Џјинпјинг.

Кина игра сè поважна улога во конфликтот поради извештаите дека Русија побарала од Кина воена помош. САД обезбедуваат најголем дел од воената помош за Украина, а Бајден објави уште еден одбранбен пакет од 800 милиони долари оваа недела.

„Јасно ја кажавме нашата длабока загриженост за усогласувањето на Кина со Русија и потенцијалните импликации и последици од тоа“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Денешниот телефонски повик, рече таа, „е можност претседателот Бајден да процени каде е претседателот Шји во ситуацијата со Украина. Бајден сака со овој повик да види за што се залага Кина, вклучително и основните принципи на Повелбата на ОН, вклучително и основните принципи за почитување на суверенитетот на нациите. Но, фактот што Кина не го осуди тоа што го прави Русија само по себе зборува многу“, додаде Псаки.

Некои информации се и од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG