Линкови за пристапност

Зеленски од Германија: Во Европа се подига нов ѕид „помеѓу слободата и ропството“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес апелираше за помош од Германија кога се обрати пред германскиот парламент велејќи дека во Европа се подига нов ѕид „помеѓу слободата и ропството“.

„Овој ѕид станува се поголем со секоја бомба што паѓа врз Украина, со секоја одлука што не е донесена“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Тој ја критикуваше Германија за нејзината поддршка на сега суспендираниот проект на гасоводот „Северен тек 2“, наменет за транспорт на природен гас од Русија, велејќи дека Германија ги ставила своите економски грижи пред безбедноста на Украина.

„Ви рековме дека Северен тек е еден вид подготовка за војната“, рече Зеленски.

Во опколениот јужен украински град Мариупол, спасувачките напори продолжуваат околу театарот каде Украина соопшти дека Русија извршила воздушен напад на местото каде што стотина цивили биле засолнети.

Сателитските снимки од локацијата објавени од компанијата за вселенска технологија Максар покажуваат дека зборот „деца“ бил напишан на руски на тротоарот пред театарот.

Американскиот претседател Џо Бајден одговори на молбата на Украина за помош во средата со пакет помош од 800 милиони долари, кој вклучува низа оружје и одбранбена опрема - одговор што не е во однос на зоната за забранети летови што ја побара Зеленски.

Но, Бајден ја подигна тензијата со зборови искажани меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека тој е воен злосторник“, рече Бајден, говорејќи пред новинарите на настан подоцна истиот ден. Тој не даде дополнителни детали.

Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинската агенција Тасс изјави дека изјавата на Бајден е „неприфатлива и непростлива реторика“.

„Забелешките на претседателот зборуваат сами за себе“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Тој зборуваше со своето срце и зборуваше од она што сте го виделе на телевизија, што е варварски чин на брутален диктатор преку неговата инвазија на странска земја“.

Путин ја започна инвазијата на Украина пред три недели. Неговите сили нападнаа болници, училишта и домови. Зеленски рече дека околу 100 деца се убиени до сега.

„Овој нов пакет сам по себе ќе обезбеди голема помош за Украина“, додаде Бајден. „Вклучува воена опрема, оружје, муниција, опрема како и 800 противвоздушни системи за да се осигура дека украинската војска може да дејствува против авионите и хеликоптерите кои го напаѓаат нивниот народ и да го брани нивниот украински воздушен простор“.

Пентагон во средата соопшти дека напорите за испорака на опремата веќе се во тек.

Некои информации се и од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG