Линкови за пристапност

Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши секаде, рече шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус


Обраќајки се вчера од Тајланд,  тој рече дека пандемијата на ковид-19 е моќна демонстрација дека здравјето не е луксуз, туку човеково право
Обраќајки се вчера од Тајланд,  тој рече дека пандемијата на ковид-19 е моќна демонстрација дека здравјето не е луксуз, туку човеково право

Додека бројот на заразени и смртни случаи како последица на ковид-19 почна да се зголемува во некои држави што ги намалија рестрикциите, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус, потсети што светот научил од пандемијата досега.

Обраќајки се вчера од Тајланд, тој рече дека „пандемијата на ковид-19 е моќна демонстрација дека здравјето не е луксуз, туку човеково право, не е трошок, туку инвестиција, не е само резултат на развој, туку е основа на социјална, економска и политичка стабилност и безбедност“.

Тедрос ги повика сите земји, производители и партнери, да работат со Обединетите нации за „подобрување на производството на вакцини, споделување на знаење и трансфер на технологија“.

Тој истакна дека и покрај тоа што неколку земји ги укинале рестрикциите, пандемијата е далеку од завршена и оти нема да заврши никаде, додека не заврши секаде.

Универзитетот Џонс Хопкинс денес објави дека има над 465 милиони случаи на ковид-19 на глобално ниво, и повеќе од шест милиони починати. Оттаму велат дека досега се администрирани скоро 11 милијарди дози вакцини.

XS
SM
MD
LG