Линкови за пристапност

Над шест милиони смртни случаи по две години пандемија


Пандемијата е далеку од завршена, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на неделава
Пандемијата е далеку од завршена, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на неделава

Денес се одбележуваат две години откако Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи пандемијата на ковид-19.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, досега се регистрирани повеќе од шест милиони смртни случаи на глобално ниво, и над 453 милиони заразени во светот.

Јавните здравствени власти предупредија дека со оглед на тоа што во некои земји не се знае точниот број на заразени и смртни случаи, тешко е да се утврдат вистинските последици од вирусот.

„Пандемијата е далеку од завршена“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на неделава.

„Иако бројот на заразени и смртни случаи се намалуваат на глобално ниво, а неколку земји ги укинаа ограничувањата пандемијата никаде нема да заврши додека не заврши секаде“, рече тој, додавајќи:

„Тестирањето останува витална алатка во нашата борба против пандемијата, како дел од сеопфатна стратегија“.

Иако Универзитетот Џонс Хопкинс вели дека досега се администрирани 10,7 милијарди ковид вакцини глобално, нееднаквоста во достапноста на вакцините останува проблем.

„Пристапот и распределбата на вакцините треба да се заснова на принципи засновани на правото на секој човек да ги ужива највисоките здравствени стандарди без разлика на раса, религија, политичко уверување, економска или каква било друга социјална состојба“, се вели во соопштението од СЗО.

XS
SM
MD
LG