„Стелт“ варијантата на сојот „Омикрон“ која се одликува со многу поголема преносливост и ширење но со лесна клиничка слика е доминатна во Северна Македонија покажуваат анализите на позитивните примероци во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ на Институтот за Јавно здравје (ИЈЗ).
СКОПЈЕ - Од 94 позитивни примероци кои биле земени на анализа, во периодот од 28 февруари до 5 март, кај 54 примероци е детектирана БА.2 линијата на сојот „Омикрон“ позната и како „стелт“. Кај 40 примероци е потврдено присуство на БА.1 варијанатата или сојот „Омикрон“. Заболени од т.н. „Делта“ сој не се откриени.
Анализата на ИЈЗ за податоците од лабораториите и болниците покажува дека продолжува да паѓа бројката на новозаболени, починати и реинфекции а значително се намалува и трансмисијата на вирусот кај децата до деветгодишна возраст.
Во периодот од 28 февруари до 5 март регистрирани се 2.504 новозаболени во 34 градови низ државата. Најголем дек од заболените со во Скопје - 1.418 ии 56,6 отсто а највиоска неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци - 389 заболени на 100 илјади жители.
Гледано по возрасни групи повторно најмногу на удар се лицата над 60 годишна возраст со 28 отсто од вкупниот број заболени но битно е што трансмисијата меѓу децата до 9 години е намалена за речиси 50 отсто и регистрирани се 103 случаи на болни дечиња во оваа возрасна група.
Минатата недела 372 лица се реинфицирале по втор или трет пат со Ковид -19 што е за 31 отсто помалку споредено со неделата претходно.
„Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (н=42; 95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1)“, стои во извештајот на ИЈЗ.
Во моментов хоспитализирани се 216 лица, од нив 150 се на кислородна поддршка а 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Од почетокот на пандемијата во Северна Македонија вкупно 10.858 лица биле реинфицирани а од нив 27 по втор пат.
Досега како последица на комликации предизвикани од косонавирусот починале 9.086 лица а кај 7.120 или 82,9 отсто биле се регистрирани коморбидитети и тоа најчесто од кардиоваскуларна природа. Меѓу починатите се и 19 лица кои веќе еднаш го прележале вирусот и потоа се реинфицирале.
Според анализите на здравствените власти највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци а највисок леталитет во Струга, Крива Паланка и Дебар.
Процесот на вакцинација и покрај апелите на надлежноте продолжува да стагнира а бројките речиси и да не се менуваат.
Официјалните податоци покажуваат дека досега 871.082 граѓани се вакцинирани со барем една доза а целосно со две дози се вакцинирани 850.803 граѓани. Трета или „бустер“ доза досега примиле 144.391 граѓани.
Гледано во проценти опфатот со две дози кај вкупното население останива непроменет и изнесува 41,1 отсто.