Линкови за пристапност

Зеленски предложи компромис: Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции, кои не вклучуваат членство во НАТО


Преговорите меѓу Русија и Украина продолжија иако претходните рунди не донесоа прогрес, изјави украинскиот претседател Зеленски. Тој во видео-порака рано во средата рече дека има некои знаци на напредок. „Средбите продолжуваат и, информиран сум, веќе звучат пореални позициите во текот на преговорите. Но, сè уште е потребно време за одлуките да бидат во интерес на Украина“, рече тој.

Зеленски во вторникот предложи компромис, велејќи дека Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции кои не ја исполнуваат нејзината цел да се приклучи на НАТО. „Ако не можеме да влеземе низ отворени врати, тогаш мора да соработуваме со здруженијата со кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе нè заштитат... и ќе имаат посебни гаранции“, рече Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е прерано да се предвидува дали мировните разговори ќе доведат до напредок. „Работата е тешка, а во сегашната ситуација веројатно е позитивен самиот факт дека разговорите продолжуваат“, рече Песков.

ОН соопштија дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на инвазијата достигнал 3 милиони.

Некои информации се од Асошиејтед прес, Франс-Прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG