Во деновите откако руските сили ја нападнаа неговата земја, украинскиот претседател Володимир Зеленски стана восхитувана главна фигура на светската сцена.
Додека десетици илјади руски војници се собираат во Киев, а украинските власти известуваат за осуетен руски заговор за негово убиство, Зеленски вети дека ќе остане во главниот град на Украина.
Тој го предводеше отпорот на Украина против инвазијата преку видео-повици од улиците на загрозениот главен град на Украина до Европската унија и другите меѓународни тела за финансиска и воена поддршка. До неодамна, 44-годишниот поранешен актер и комичар не беше познат надвор од неговата родна земја.
Тој ја презеде функцијата пролетта 2019-та година со 73 отсто од гласовите, победувајќи го поранешниот претседател Петро Порошенко.
Неговиот избор беше случај на живот кој ја имитира уметноста. Пред изборите, тој беше најпознат по тоа што глумеше професор по историја во средно училиште во хит телевизиското шоу „Слуга на народот“, каде што вртоглаво се прослави и беше избран за претседател на Украина откако вирално видео го фати како се буни против раширената корупција.
Во 2018-та година, Зеленски беше номиниран од новоформираната политичка партија именувана по ТВ-шоуто да работи на антикорупциска платформа - слична на онаа на неговиот измислен лик. За многу Американци, нивното прво запознавање со Зеленски се случи во 2019-та година, кога тогашниот претседател Доналд Трамп беше под притисок да изнајде нерегуларности за поранешниот потпретседател и претседателски кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер.
Раниот живот
Зеленски е роден во Криви Рих, град во рускојазичен регион во јужноцентрална Украина, кој во тоа време бил дел од Советскиот Сојуз. Зеленски, кој е Евреин, рече дека неговото пошироко семејство страдало за време на Холокаустот.
Неговиот дедо, кој ги загубил сопствениот татко и тројцата браќа од нацистите, служел во Црвената армија за време на Втората светска војна. Зеленски се оженал со сценаристката Олена Кијашко во 2003-та година, а имаат и 17-годишна ќерка и 8-годишен син.
Се верува дека сите тројца се во Киев со Зеленски. Тој доби диплома по право на сегашниот национален универзитет Криви Рих.
Но, наместо да се занимава со право, тој работел со комедија и станал еден од основачите на Квартал 95, која подоцна стана успешна телевизиска продукциска куќа.
Меѓу неговите поневообичаени достигнувања беше неговата победа во 2006-та година во украинската верзија на телевизиската програма „Танц со ѕвездите“. Помеѓу 2009-та и 2018-та година, тој глумеше во голем број филмови, пред се романтични комедии.
Кога Зеленски ја презеде функцијата во 2019-та година, неговата земја веќе пет години беше во конфликт со сепаратистите во Луганск и Доњецк, две провинции кои го сочинуваат регионот познат како Донбас.
Тие, со поддршка од Русија, контролираа делови од двете провинции и често војуваа со украинските војници. Покрај тоа, Русија остана во спорниот посед на Крим, кој го зазеде во 2014-та година и го „анектираше“ како дел од Русија.
Ниска популарност
И покрај светската поддршка што Зеленски ја ужива денес, неговата популарност значително исчезна меѓу Украинците во годините по неговиот избор.
Во земја каде што корупцијата остана главен проблем, се сметаше дека тој направил малку за да ги исполни своите ветувања за внесување интегритет во политиката на земјата.
Во јануари, анкетите покажаа дека само 30% од населението го поддржува.
Слаби предупредувања за инвазијата
Во неделите пред да се случи инвазијата, Зеленски покажа неподготвеност да верува во извештаите на американските разузнавачки служби дека рускиот претседател Владимир Путин е решен да ја нападне Украина.
Тој често се среќаваше со предупредувањата на САД за неизбежна инвазија со јавни изрази на неверување, па дури и потсмев, додека исто така се обидуваше да изгради поддршка меѓу лидерите во Европа и ширум светот, надевајќи се дека ќе го притисне Путин да ги повлече војниците.
Критичарите велат дека неговото често инсистирање дека Путин блефира можеби ги оставило неговите граѓани помалку подготвени отколку што би можеле да бидат доколку тој сериозно ги сфатил предупредувањата.
Но, неговиот собирен повик до сограѓаните Украинци да се спротивстават на руската агресија ги освои срцата и поддршката на луѓето ширум светот, кои веруваат дека тој ја отелотворува својата политичка партија како слуга на народот.