Линкови за пристапност

Вашингтон ја предупреди Москва за „потенцијални“ воени злосторства во Украина


Вашингтон ја предупреди Москва за она што некои набљудувачи го опишуваат како воени злосторства од страна на руските сили во Украина.

Американските власти објавија дека Русија „се свртува кон стратегијата за „фрлање отпад врз центрите со население“ во Украина, бидејќи разговорите на високо ниво меѓу завојуваните страни не постигнаа напредок. Од теренот, во меѓувреме, руските сили полека напредуваат кон Киев, и во тек се жестоки престрелки.

„Регистриравме многу веродостојни извештаи за намерни напади врз цивили, кои според, Женевските конвенции би претставувале воено злосторство“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, иако тој конкретно не ја обвини Русија за такви злосторства.

„Планот на Путин за брзо заземање на Украина, сега е јасно, пропадна“, рече Прајс за инвазијата која веќе изминаа две недели од почетокот. „Значи, тој сега се свртува кон стратегија, да ја скрши волјата на народот на Украина, нешто што нема да може да го направи“., изјави гласноговорникот на Стејт департментот.

Русија негираше дека целела цивили за време на нејзината инвазија на Украина.

Потпретседателката на САД Камала Харис синоќа изјави во Полска дека ја поддржува истрагата на Обединетите нации за руската инвазија на Украина која ќе ги разгледа „сите наводни прекршувања и злоупотреби на правата и поврзаните злосторства“.

Денеска, според најавите, Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок во врска со руските наводи дека Украина произведува хемиско оружје.

Средбата се одржува на барање на Русија. За производството на биолошко оружје, од Русија беше покренато ова прашање во Советот за време на седницата за состојбата во Сирија.

Русија, исто така, ги обвини САД дека го финансираат истражувањето на Украина за биолошко оружје.

САД и Украина ги негираа обвинувањата од Москва.

Исто така денеска, американскиот претседател Џо Бајден треба да објави дека САД, Европската Унија и Групата седум земји преземаат чекори за да го отповикаат трговскиот статус на „најповластена нација“ на Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Овој потег ќе го отвори патот за САД и нивните сојузници, да воведат царини за руски увоз.

XS
SM
MD
LG