Претседателот на САД Џо Бајден, премиерот на Австралија Скот Морисон, премиерот од Индија Нарендра Моди и јапонскиот премиер Фумио Кишида - ја потврдија својата посветеност за слободен и отворен Индо-Пацифик, во кој суверенитетот и територијалниот интегритетот на сите држави се почитува и земјите се ослободени од воена, економска и политичка принуда, објави Белата куќа.
Понатаму во соопштение од Белата куќа се наведува дека лидерите ја потврдија својата посветеност како механизам за промовирање на регионалната стабилност и просперитет.
Лидерите на Квад разговараа за тековниот конфликт и хуманитарната криза во Украина и дискутираа за неговите пошироки импликации.
Тие се согласија за формирање нов механизам за хуманитарна помош и помош при катастрофи што ќе му овозможи на Квад да одговори на идните хуманитарни предизвици во Индо-Пацификот и да се обезбеди канал за комуникација додека секој од нив наоѓа начини и одговара на кризата во Украина.
Во нивната континуирана заложба по слободен и отворен Индо-Пацифик, четворица се согласија да се сретнат лично, во Токио, во наредните месеци.