Линкови за пристапност

САД остануваат отворени за пронаоѓање на дипломатско решение со Русија


Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека САД остануваат отворени за пронаоѓање на дипломатско решение, но дека Русија мора прво да го прекине нападот.

„Многу е потешко за дипломатијата да успее кога има вооружен судир“, им рече тој на новинарите во средата.

Блинкен денес патува за Европа на серија состаноци со НАТО и други сојузници за нивниот одговор на руската инвазија. Министрите за надворешни работи на НАТО ќе одржат вонреден состанок во петок во Брисел, а во сабота Блинкен патува во Полска да разговара за понатамошната безбедносна ситуација и хуманитарна помош за бегалците кои избегаа од Украина. Полска прими половина од вкупно над еден милион бегалци изминатата недела, според Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Од таму очекуваат дека овој број ќе се искачи на четири милиони луѓе кои ќе ја напуштат Украина поради конфликтот. Украинската агенција за итни случаи соопшти дека во руските напади загинале повеќе од 2.000 луѓе низ целата земја.

Руското Министерство за одбрана го објави својот прв извештај за жртви, велејќи дека 498 нејзини војници биле убиени во Украина, додека повеќе од 1.500 други се ранети.

XS
SM
MD
LG