Линкови за пристапност

Северна Македонија апелира до своите граѓани да ја напуштат територијата на Руската федерација


МНР повикува да се напушти Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00

Северна Македонија апелира до своите граѓани да ја напуштат територијата на Руската федерација. Повикот следи по руската агресија врз Украина и одлуката на Европската Унија за затворање на европскиот воздушен простор за авиопревозниците од Русија, чекор на кој се приклучи и земјава.

„Апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сеуште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија. Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата“, пишува во соопштението на македонското МНР.

МНР информира дека ги следи состојбите и е во постојана комуникација со европските партнери и НАТО сојузници со кои на дневна основа разменува информации и анализи за актуелната ситуација.

„МНР ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани“, велат од македонската дипломатија

XS
SM
MD
LG