Линкови за пристапност

Полицијата растури антивоени протести во Русија


Набљудувачка група вели дека најмалку 1.000 луѓе се приведени во Русија кои протестираа против инвазијата на Украина
Набљудувачка група вели дека најмалку 1.000 луѓе се приведени во Русија кои протестираа против инвазијата на Украина

Безбедносните сили во Русија ги прекинаа антивоените протести во неколку градови низ земјата. Во Москва, демонстрантите извикуваа „не за војна“ откако руските трупи започнаа целосна инвазија на Украина денес.

Набљудувачка група вели дека најмалку 1.000 луѓе се приведени во антивоените протести низ Русија.

Претходно, Истражниот комитет, владино тело кое ги истражува големите злосторства, ги предупреди Русите на правни последици за приклучувањето на неодобрените протести поврзани со „напнатата надворешна политичка ситуација“.

Лидерите ширум светот го осудија целосниот напад на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, нарекувајќи го неиспровоцирана, брутална војна.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Мирот на нашиот континент е нарушен“.

Луѓе излегоа на улиците да протестираат ширум светот, како што јавува дописничката на Гласот на Америка Синди Сејн.

XS
SM
MD
LG