Линкови за пристапност

Британија воведе санкции за руски олигарси и банки блиски до Кремљ


Овој прв бран санкции испраќа јасна порака дека Обединетото Кралство ќе ja искористи економска сила да ѝ нанесе болка на Русија и да ги деградира нејзините стратешки интереси, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас
Овој прв бран санкции испраќа јасна порака дека Обединетото Кралство ќе ja искористи економска сила да ѝ нанесе болка на Русија и да ги деградира нејзините стратешки интереси, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас

Британија воведе санкции за руските олигарси Генади Тимченко, Борис Ротенберг и Игор Ротенберг, најави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Таа рече дека се воведени санкции и за пет руски банки блиски до Кремљ.

„Овој прв бран санкции ќе ги погоди олигарсите и банките блиски до Кремљ. Испраќа јасна порака дека Обединетото Кралство ќе ja искористи нашата економска сила да ѝ нанесе болка на Русија и да ги деградира нејзините стратешки интереси“, рече таа.

Трас додаде дека „ние сме подготвени да одиме многу подалеку ако Русија не се повлече“, нагласувајќи дека ќе забранат извоз на висока технологија и оти ќе ги изолираат руските банки од глобалната економија.

САД денес се очекува да најават дополнителни санкции за Русија, додека сојузниците од Европската Унија истовремено подготвуваат нивни санкции, откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна незавиноста на регионите под руска окупација во источна Украина Доњецк и Луганск.

Високо официјално лице на САД, за време на вчерашниот телефонски брифинг со новинарите, без да открие детали, рече дека новите американски мерки би ја „повикале на одговорност Русија за ова јасно прекршување на меѓународното право и украинските суверенитет и територијален интегритет, како и за руските меѓународни обврски“.

Бајден вчера нареди забрана на нови инвестиции, трговија и финансии од страна на Американците во тие региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повика да се воведат итни санкции, вклучувајќи го и стопирањето на рускиот гасовод „Северен тек 2“, без да се чека натамошна руска агресија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го стопира процесот на сертифицирање на проектот направен за испорака на гас од Русија во Германија.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG