Линкови за пристапност

САД денес ќе најават нови санкции за Русија


Бајден вчера нареди забрана на нови инвестиции, трговија и финансии од страна на Американците во Доњецк и Луганск
Бајден вчера нареди забрана на нови инвестиции, трговија и финансии од страна на Американците во Доњецк и Луганск

САД и Британија денес се очекува да најават дополнителни санкции за Русија, додека сојузниците од Европската Унија истовремено подготвуваат нивни санкции, откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна незавиноста на регионите под руска окупација во источна Украина Доњецк и Луганск.

Високо официјално лице на САД, за време на вчерашниот телефонски брифинг со новинарите, без да открие детали, рече дека новите американски мерки би ја „повикале на одговорност Русија за ова јасно прекршување на меѓународното право и украинските суверенитет и територијален интегритет, како и за руските меѓународни обврски“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повика да се воведат итни санкции, вклучувајќи го и стопирањето на рускиот гасовод „Северен тек 2“, без да се чека натамошна руска агресија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го стопира процесот на сертифицирање на проектот направен за испорака на гас од Русија во Германија.

Претседателот на САД Џо Бајден вчера објави првични санкции откако Путин ги призна окупираните региони и најави распоредување на, како што вели тој, руски мировни сили.

Високо официјално лице од администрацијата на Бајден рече дека првата група санкции биле конкретно поврзани со потегот на Путин, и не ги претставуваат „тешките и брзи економски санкции што ги подготвуваме во координација со нашите сојузници и партнери, ако Русја изврши натамошна инвазија на Украина“.

Бајден вчера нареди забрана на нови инвестиции, трговија и финансии од страна на Американците во тие региони.

Се` уште не се знае дали останува планот за средба на државниот секретар на САД Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на крајот на неделава.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG