Линкови за пристапност

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН откако Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск


Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека потегот на Путин претставува „неиспровоциран“ напад врз украинските територијален интегритет и суверенитет
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека потегот на Путин претставува „неиспровоциран“ напад врз украинските територијален интегритет и суверенитет

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) имаше итна вонредна седница вчеравечер, откако претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декларација со која ги призна двата отцепени ригиона на Украина како независни држави.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека признавањето од страна на Путин на источните региони Доњецк и Луганск како независни држави претставува „неиспровоциран“ напад врз украинските територијален интегритет и суверенитет.

Рускиот амбасадор во ОН ги обвини САД и западните сојузници за притисок врз Украина кон „вооружена провокација“.

Во меѓувреме, САД, Европската Унија и Британија најавија прва рунда санкции за Москва по ваквиот потег, кој ги прекршува меѓународните норми и закони, како и суверенитетот на Украина.

За време на Советот за безбедност, тие ја потврдија новната заложба за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

XS
SM
MD
LG