Украина рече дека 10 авионски линии престанале да летаат, по предупрдувањата на САД за напад од руските сили распоредени на границата, но, кажа дека авионските коридори се отворени и оти летањето до источноевропската држава е безбедно.
Германската „Луфтханза“ рече дека ги прекинува летовите кон Украина почнувајќи од вчера, приклучувајќи се на холандскиот авиопревозник КЛМ, кој веќе тоа го направи.
Скандинавската авионска линија САС, исто така, ги суспендираше неделните летови, додека „Ер Франс“ одлучи да ги укине летовите меѓу Париз и Киев, како „мерка на претпазливост“.
Министерот за инфраструктура Олександр Кубраков рече дека Владата „работи да ги замени откажаните летови“.