Линкови за пристапност

За САД, оптимално решение за руско-украинската криза е дипломатско


Блинкен пристигна во Австралија
Блинкен пристигна во Австралија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека оптималното решение за руско-украинската криза е дипломатското и дека очекува во наредните денови да се консултира со своите колеги од Франција, Германија и Велика Британија.

„Како што сите знаете, ние бевме ангажирани во стратегија во две правци каде што, од една страна, спроведувавме дипломатија - далеку пожелен курс, одговорен курс - но во исто време градевме силна одвраќање на Русија од преземање агресивна акција“, им рече Блинкен на новинарите кои патуваат со него во Австралија на состанокот на таканаречените земји од Квад.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека барањето решение може да трае со месеци. „Не смеете да ја потценувате тензијата што ја опкружува ситуацијата низ која живееме, нејзината природа“, рече Макрон во Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Не верувам дека оваа криза може да се реши благодарение на неколкучасовни дискусии.

Макрон во понеделникот во Москва помина пет часа разговарајќи со рускиот претседател Владимир Путин.

Францускиот лидер рече дека неговите разговори со Путин помогнале да се осигура дека „нема деградација и натамошна ескалација“ на ќор-сокакот меѓу Русија и Украина и западната Алијанса што ја поддржува владата во Киев. „Верувам од моја страна дека има конкретни, практични решенија кои ќе ни овозможат да продолжиме напред“, рече Макрон по средбата со Зеленски.

Макрон призна дека кризата не е завршена, велејќи: „Русија одлучи да изврши притисок врз меѓународната заедница“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека има „семе на разум“ во предлозите што Макрон му ги дал на Путин. Сепак, Песков ги отфрли сугестиите дека кризата е решена, oценувајќи: „Засега не ја гледаме и не ја чувствуваме подготвеноста на нашите западни колеги да ги земат в предвид нашите грижи“.

„Во сегашната ситуација, Москва и Париз не можеа да постигнат договор“, рече Песков. „Франција е членка на ЕУ и НАТО, но Франција не го води НАТО“, рече тој и додаде дека во 30-члената западна воена алијанса доминира лидерството на САД.

XS
SM
MD
LG