Линкови за пристапност

Кирби за Гласот на Америка: Со инвазија врз Украина, ќе се зголеми притисокот врз САД и НАТО да го зајакнат Источното крило на Алијансата


Портпаролот на Пентагон
Портпаролот на Пентагон

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка се осврна на кризата на границата меѓу Украина и Русија и можноста за зголемување на бројката на американски војници во Европа.

„Москва треба да очекува да се соочи со масивни и жестоки американски економски санкции, но тие нема да ги втурнат САД во конфликт. Претседателот беше многу јасен дека во случај на нова инвазија на Украина од страна на руските сили, американски војници нема да бидат ангажирани во копнена битка во Украина. Тој го кажа тоа многу јасно. Но, тој исто така многу јасно стави до знаење дека имаме обврска кон нашите сојузници во НАТО да се погрижиме да ги поддржуваме заложбите и обврските согласно членот пет кон Алијансата“, истакна Кирби.

Тој додаде дека САД разгледуваат низа опции за да помогнат во зајакнувањето на Алијансата на Источното крило и да ја покажат посветеноста кон безбедносната определба во НАТО. “Јасно е дека со инвазијата на Украина, Русија би извршила притисок врз САД и НАТО да го зајакнат своето источно крило со војници и друг вид на одбранбени механизми во рамки на Алијансата“, истакна Кирби.

Мораме да се насочиме дека тоа не само што испраќа силен сигнал за солидарноста на НАТО, туку и дека сојузниците навистина се цврсто подготвени да се бранат, ако е потребно.
Кирби, портпарол на Пентагон

„Мораме да се насочиме дека тоа не само што испраќа силен сигнал за солидарноста на НАТО, туку и дека сојузниците навистина се цврсто подготвени да се бранат, ако е потребно. И мислам дека е важно, не само Путин да го види и да го слушне тоа, туку и сојузниците да го видат и слушнат тоа“, потенцираше гласноговорникот на Пентагон во интервју за Гласот на Америка.

Еден од начините на градење на одбраната е и справувањето со кибернетските напади.

Кибри потсети дека заменик-советникот за национална безбедност на САД против кибернетски напади е во Европа.

„Дали кибернетскиот напад врз Украина би претставувал руски напад? Мислам дека го кажувам она што го рече претседателот на САД дека секаква инвазија врз Украина ќе предизвика економски последици. Нема да бидеме изненадени да видиме дека Русија повторно користи кибернетика од воена перспектива“, изјави Кирби.

Запрашан дали генералот Волтерс, кој е врховен командант на НАТО во Европа, побарал дополнителни сили освен 8500 кои се ставени во зголемена готовност, Кирби рече дека САД продолжуваат да разгледуваат низа опции кои се достапни за да ги увериме сојузниците за нашиот ангажман.

„Трупите кои се веќе во Европа може да се префрлат од едно до друго место за да помогнат во зајакнувањето Источното крило. И тоа може да вклучи и придвижување на американските војници на терен“, рече Кибри за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG