Линкови за пристапност

Претседателот Бајден предупреди од жестоки мерки во случај на инвазија врз Украина, и санкции дури и врз рускиот претседател Путин


U.S. President Joe Biden responds to questions from reporters as he meets with his Competition Council in the East Room of the White House in Washington, Jan. 24, 2022.
U.S. President Joe Biden responds to questions from reporters as he meets with his Competition Council in the East Room of the White House in Washington, Jan. 24, 2022.

Русија ги отфрли шансите за санкции на САД против претседателот Владимир Путин, еден од неколкуте предложени мерки доколку руските сили ја нападнат соседна Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави за новинарите дека таквите санкции нема да бидат политички болни, туку ќе бидат „деструктивни“.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот предупреди на „тешки“ и „огромни“ последици за Путин - вклучително и лични санкции против самиот Путин - доколку рускиот лидер мобилизира околу 127.000 војници кои се подготвени да нападнат долж украинската граница.

„Јасно му кажав на претседателот Путин дека доколку влезе во Украина, ќе има тешки последици, вклучително и значителни економски санкции, како и дека би се чувствувал должен да го засилам нашето присуство, присуството на НАТО, на источноот крило во Полска, Романија“, рече Бајден, додавајќи: „Ако влезе со сите тие сили во Украина, тоа ќе беше најголемата инвазија од Втората светска војна. Тоа би го променило светот“.

Тој, исто така, нагласи дека ниту една од 8.500 американски војници ставени во состојба на готовност оваа недела нема да бидат распоредени на украинска територија и ќе бидат дел од операцијата на НАТО, а не единствената операција на САД.

Бајден рече дека САД имаат „света обврска“ да им помогнат на сојузниците во НАТО, кои се соочуваат со закани. Украина не е членка на НАТО - иако сака да биде. Сепак, соседна Русија го гледа можното членство во НАТО како закана и побара од безбедносната алијанса да ѝ забрани идно членство во Украина.

Путин рече дека нема намера да ја нападне Украина, но дека проширувањето на НАТО кон исток го гледа како закана.

„Разговарав со сите наши сојузници во НАТО... виртуелно, и ние сме навистина на иста страна“, рече Бајден. „Мораме да ставиме до знаење дека нема причина за тоа кој било, која било членка на НАТО, да се грижи дали ... ние - НАТО - ќе излеземе во нивна одбрана“, порача Бајден.

Напорите за дипломатско решавање на ситуацијата вклучија разговори меѓу Русија, САД, НАТО и Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.

Русија чека писмен одговор на нејзините предлози, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во средата им рече на пратениците дека „ако Западот продолжи со својот агресивен курс, Москва ќе ги преземе неопходните одмазднички мерки“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот имаше телевизиско обраќање до нацијата за да повика на смиреност. „Нема розови очила, нема детски илузии, сè не е едноставно. Но, има надеж“, рече Зеленски.

„Заштитете го вашето тело од вируси, вашиот мозок од лаги, вашето срце од паника“, нагласи Зеленски и рече дека се прават планови тој да се сретне со лидерите на Русија, Германија и Франција.

Официјални лица од четирите земји треба да одржат разговори во Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе побара појаснување за намерите на Русија за време на телефонскиот разговор со Путин закажан за в петок.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во одговор на прашање од Гласот на Америка, појасни дека руските сили „постојано се зголемуваат“, но не „драматично“. „Забележавме доследна акумулација на борбена моќ од страна на Русите во западниот дел на нивната земја околу границите со Украина и Белорусија“, рече Кирби.

Претходно САД ја предупредија Русија дека ќе се соочи со побрзи и многу потешки економски последици доколку ја нападне Украина отколку кога Москва го присвои Кримскиот Полуостров на Украина во 2014 година.

САД и нивните сојузници воведоа помалку строги економски санкции против Москва по нејзиното преземање на Крим, но на крајот тие се покажаа како ефикасни, а Полуостровот остана под руска контрола.

Руското барање Украина да и се забрани од НАТО беше отфрлено од Западот, а лидерите рекоа дека нема да и дадат право на вето на Москва за тоа кој припаѓа на воената Алијанса од 30 земји, која беше основана за да се спротивстави на советската агресија по Втората светска војна.

Дел од информациите се користени од Асошијтед Прес, АФП и Ројтерс

XS
SM
MD
LG