Линкови за пристапност

САД ја предупредија Русија за пожестоки економски санкции отколку оние во 2014-та


RUSSIA-USA/SECURITY
RUSSIA-USA/SECURITY

САД ја предупредија Русија дека ќе се соочи со побрзи и многу потешки економски последици доколку изврши инвазија врз Украина споредено со периодот кога Москва го припои Кримскиот полуостров од Украина во 2014 година.

„Подготвени сме да спроведеме санкции со огромни последици кои не беа земени предвид во 2014 година“, изјави висок претставник за националната безбедност на новинарите во Вашингтон.

„Тоа значи дека постепеното воведување санкции од минатото не е во игра. И овој пат, ќе започнеме на врвот на скалата за ескалација и ќе останеме таму“.

Официјалниот претставник, кој зборуваше анонимно, рече дека САД се „исто така подготвени да воведат нови контроли на извозот“ за да ја поткопаат руската економија.

„Можете да ги замислите овие извозни контроли како трговски ограничувања во служба на пошироките национални безбедносни интереси на САД“, рече претставникот.

„Ние ги користиме за да забраниме извоз на производи од Русија“, рече претставникот. „И со оглед на причината за што, тие работат е ако ... ако ја погледнете на глобалната доминација на софтверската технологија со потекло од САД, опциите за контрола на извозот што ги разгледуваме заедно со нашите сојузници и партнери ќе ги погодат стратешките амбиции на рускиот претседател Владимир Путин да ја индустријализира неговата економија. Би се нарушиле областите кои се важни за него, без разлика дали се работи за вештачка интелигенција, квантна компјутерска наука или одбраната и воздушниот, или други клучни сектори“.

САД и сојузниците воведоа помалку строги економски санкции против Москва по нејзиното заземање на Крим, но на крајот се покажаа неефикасни, а Полуостровот и натаму е под руска контрола. САД, исто така, се во постојана комуникација со производителите на енергетски ресурси ширум светот, според друг безбедносен претставник, и тоа околу снабдување со гориво за западноевропските земји во случај Путин да го прекине протокот на природен гас на Русија кон Западот.

Еден од американските функционери за безбедносни прашања го повтори ставот на претседателот Џо Бајден велејќи дека САД и нивните западни сојузници се „обединети во нашата намера да наметнеме огромни последици што ќе и зададе тежок и непосреден удар на Русија со текот на времето, ќе ја направи нејзината економија уште покршлива и ќе ги намали аспирациите на Путин да изврши влијание на светската сцена“.

Предупредувањето од Белата куќа доаѓа во време кога Русија објави дека гледа „со голема загриженост“ додека САД во понеделникот ставија 8.500 војници под зголемена готовност за можно распоредување во Источна Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Пешков, пред новинарите ги повтори руските обвинувања дека САД ги ескалираат тензиите во кризата долж руско-украинската граница, каде што Путин распореди околу 127.000 војници.

Бајден во понеделникот имаше виртуелна средба со клучните европски лидери чија тема беше тековната закана од руска инвазија врз Украина.

XS
SM
MD
LG