Линкови за пристапност

Официјални лица на Русија и Украина денес на разговори во Париз


Претседателот на САД Џо Бајден рече дека Русија ќе се соочи со „тешки последици“ ако изврши инвазија врз Украина, вклучувајќи економски санкции, кои би го вклучувале лично и Путин
Претседателот на САД Џо Бајден рече дека Русија ќе се соочи со „тешки последици“ ако изврши инвазија врз Украина, вклучувајќи економски санкции, кои би го вклучувале лично и Путин

Официјални лица на Русија, Украина, Германија и Франција, денес имаат разговори во Париз поврзани со тензиите на руско-украинската граница.

Западните држави изразија загриженост за распоредувањето на повеќе од 100.000 руски трупи во регионот и за можноста од руска инвазија на Украина.

Русија ги негира таквите планови и бара гаранции дека НАТО нема да се шири во руска насока.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков изјави за новинарите дека се надева оти париската средба ќе биде „добар, отворен разговор, со максимален можен резултат“.

Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на украинскиот претседател Володомор Зеленски, на Твитер напиша дека се надева на „конструктивен дијалог“ во интерес на Украина.

Русија, пак, чека писмени одговори за дел од нејзините барања. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес пред законодавците изјави дека Русија ќе преземе „неопходни одмазднички мерки“ ако Западот продолжи како, што рече тој, со „агресивен пристап“.

Денешните разговори се случуваат паралено со најавите на Русија дека испраќа повеќе трупи и опрема во Белорусија. Двете држави се подготвуваат за воени вежби наредниот месец.

Песков, исто така, рече дека воведување санкции против рускиот претседател Владимир Путин би било контрапродуктивно.

„Политички не се тешки, само се деструктивни“, изјави тој за новинарите.

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека Русија ќе се соочи со „тешки последици“ ако изврши инвазија врз Украина, вклучувајќи економски санкции, кои би го вклучувале лично и Путин.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG