Линкови за пристапност

Целосно сме обединети со европските лидери, рече Бајден за во случај на руска инвазија на Украина


САД и Русија планираат да разменат пишани изјави оваа недела во однос на нивните меѓусебни барања
САД и Русија планираат да разменат пишани изјави оваа недела во однос на нивните меѓусебни барања

Русија вели дека гледа со „голема загриженост“ по потегот на САД да стават на располагање 8.500 трупи за можно распоредување во источна Европа.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков ги повтори пред новинарите руските обвинувања дека САД ги ескалираат тензиите во кризата покрај руско-украинската граница.

Претседателот на САД Џо Бајден вчера попладне имаше виртуелна средба со клучните европски лидери за заканата од руска инвазија на Украина.

„Имав многу, многу, многу добар состанок. Целосна согласност со сите европски лидери“, изјави Бајден за новинарите по разговорот со сојузниците од Европската Унија и НАТО.

Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон објави соопштение преку кое ја поддржа изјавата на Бајден.

„Лидерите се согласија за важноста од меѓународна обединетост во време на зголемена руска агресија“, се вели во изјавата на Џонсон.

Бајден нема одлучено дали да распореди американска воена опрема и персонал поблизу до Русија. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки пред средбата со европските лидери рече дека САД „секогаш велат дека би ги поддржале сојузниците на источното крило“ во соседство на Русија.

Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин подготви 8.500 трупи со можност во секое време да бидат распоредени во источна Европа, каде повеќето од нив би можеле да бидат активирани како дел од НАТО одговорот доколку Русија изврши инвазија врз Украина.

„Јасно е дека Русите сега немаат намера за деескалација“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Бајден ја исклучи можноста за испраќање трупи во Украина ако Русија изврши инвазија, но, вети дека ќе воведе брзи и тешки економски санкции за Москва.

САД и Русија планираат да разменат пишани изјави оваа недела во однос на нивните меѓусебни барања.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG