Линкови за пристапност

НАТО испраќа воени бродови и авиони во Источна Европа


Airmen and civilians from the 436th Aerial Port Squadron palletize ammunition, weapons and other equipment bound for Ukraine at Dover Air Force Base, Delaware, Jan. 21, 2022.
Airmen and civilians from the 436th Aerial Port Squadron palletize ammunition, weapons and other equipment bound for Ukraine at Dover Air Force Base, Delaware, Jan. 21, 2022.

НАТО денеска објави дека испраќа повеќе воени бродови и борбени авиони во источна Европа како одговор на руското армиско распоредување долж границата со Украина.

Во соопштение, НАТО подвлече дека разгледува испраќање дополнителни војници и опрема од неколку нации, вклучувајќи ги Данска, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

„НАТО ќе продолжи да презема неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузниците, вклучувајќи го и зајакнувањето на источното крило од Алијансата“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

САД и Британија објавија наредби до персоналот во амбасадите и членовите од семејства во Киев да заминат од Украина, цитирајќи ја потенцијалната руска воена акција.

Украинското министерство за надворешни работи изрази негодување со ваквиот потег од САД.

„Додека го почитуваме правото на странски земји да обезбедат безбедност за нивните дипломатски мисии, сметаме дека ваквиот чекор е избрзан и превнимателен, објави преку Твитер портпаролот Олег Николенко.

Шефот на дипломатијата на ЕУ Јосеп Борел изјави дека ЕУ не планира било какво слично повлекувањето на вработените по амбасадите. На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, е предвидено виртуелно да им се приклучи и државниот секретар Антони Блинкен.

Како дополнување на вчерашната одлука за заминување на сите членови од семејствата од американската амбасада во Киев, Стејт департментот авторизираше и волонтерско заминување на договорните соработници, и апелираше до американските државјани во Украина да разгледаат можност да заминат од земјата, и издаде предупредување за патувања во Украина или во Русија.

Официјален претставник од Стејт департментот, објави дека безбедносните услови, особено долж границата со Украина, во окупираниот Крим, и областите кои се под контрола на Русија во источна Украина, се непредвидливи и може да се променат без претходна најава.

XS
SM
MD
LG