Линкови за пристапност

Заврши средбата Блинкен – Лавров


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денес ја заврши 90-минутната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева, четврти пат во последните денови кога американските и руските претставници се вклучија во директни разговори.

Во забелешките пред да ги започнат своите разговори во петокот, секоја страна рече дека не очекува напредок. Лавров претходно рече дека се надева оти Соединетите Држави ќе донесат конкретни одговори на руската загриженост.

Блинкен рече дека САД се посветени на патот на дипломатијата и дијалогот, но исто така се посветени на обединет, брз и остар одговор доколку Русија изврши агресија врз Украина.

Западот бара Русија да ги повлече своите војници и оружје од границата со Украина, додека Москва се залага НАТО да ги ограничи своите операции во источна и централна Европа и инсистира западната воена алијанса да ја отфрли кандидатурата на Украина.

Блинкен вчера рече дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште може да се одлучи за дипломатско решение.

Блинкен рече дека САД биле „многу јасни“ дека ако било која руска воена сила се тргне преку украинската граница „дека ќе бидат пречекани со брз, строг обединет одговор од САД и нивните сојузници и партнери“.

По средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Берлин, Блинкен рече дека Путин има избор помеѓу „дијалог и дипломатија од една страна и конфликт и последици од друга страна. Тој треба да одлучи кој курс да го земе“.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG