Од почетокот на годинава регистрирани се 13 заболени лица од ковид-19, додека во декември имало намалување за 50 отсто, во споредба со ноември. Досега се земени 707 материјали, за тестирање, со цел утврдување на присуство на вирусот.
Имунизацијата кај децата во македонското општество значително опаднала, велат домашните лекари. Недоверба, двоумења, „консултации“ од социјалните мрежи, се дел од причините поради кои родителите не ги носат децата на вакцинација. Известува Мики Трајковски
Кина тврди дека се намалува бројот на заразени лица со метапневмовирус (ХМПВ) во северниот дел на земјата. Вестите за ширењето на вирусот предизвикаа меѓународна загриженост за уште една потенцијална пандемија. Известува Дора Меквар.
За првпат едно лице во САД почина откако беше заразено со птичји грип. Здравствените власти во Луизијана ја пријавија смртта во изминатиов понеделник. Светската здравствена организација вели дека ризикот од инфекција за општата популација останува низок. Известува Дора Меквар.
Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело
При секој преглед гледаме да ги анимираме жените и да укажеме на важноста од превентивниот и навремениот преглед. Навреме откриената болест, сто отсто можам да кажам дека е излечива, вели Тони Чифлигароски, радиолог од Охрид
Дали македонските граѓани ќе ја тужат државата за загадениот воздух? Со неодамнешната одлука, Врховниот суд ја задолжи државата да обезбеди чист воздух и здрава животна средина. Во спротивно граѓаните можат да тужат и полесно да стигнат до правда. Известува Мики Трајковски
Американската асоцијација на психијатри вели дека како што се приближуваат изборите, нивото на стрес расте, без оглед на политичката припадност. Постојаниот проток на вести, стресните расправии и загриженоста за иднината на земјата, вршат притисок врз менталното здравје. Известува Максим Адамс.
По повеќе од две децении пливачка кариера, Евгениј Поп Ацев, во мај годинава влезе во меѓународната „Куќа на славните“ во маратонското пливање. Следен негов предизвик е да го преплива каналот Ла Манш, откако не успеа во првиот обид во 2023 година
Многу е лошо да се каже но, тоа е лотарија, некои пациенти одеднаш ќе дојдат на прво место, затоа што сè им е компатибилно, a има и такви кои со години чекаат, вели Маја Мојсова Мијоска, поранешен национален координатор за трансплантација во изјава за Гласот на Америка
Вчитај повеќе