Повик од македонските граѓани и компании да ѝ помогнат на Украина со хуманитарни донации, упати украинското здружение во земјава, „Лесја Украинка“ кое отвори пункт за донации во Скопје.
„Ве замолувам, секој што има можност, да ни се придружите, да ни помогнете“, повикува Украинката Татјана Урбанович, која повеќе години живее во Скопје
Your browser doesn’t support HTML5
Лекови, облека, вода, конзервирана храна, средства за лична хигиена, се само дел од работите што им се неопходни на жителите на Украина.
Секој е добредојден тука. Имаме голема потреба од облека, лекови, завои, пелени, хранаОлександр Урбанович, претседател на здружението „Лесја Украинка“
„Секој е добредојден тука. Имаме голема потреба од облека, лекови, завои, пелени, храна“, вели Олександр Урбанович, претседател на здружението „Лесја Украинка“.
Магацинот за донации се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, а им го отстапила приватна компанија. Се надеваат дека наскоро ќе добијат дозвола да отворат пункт и во центарот на градот.
„Имаме човек во Прилеп, во Охрид и разговараме за можноста да поставиме пункт за прием некаде во центар“, посочува Татјана.
Нивното здружение не е големо и велат дека секаква помош би им била добредојдена. Од донации, до превоз, па и волонтери што би им помагале.
„И физичка сила ни треба, зашто планираме да отвориме уште пунктови. Тоа е за повеќе луѓе да добијат можност да донираат и помошта побрзо да стигне до Украина“, повикува Татјана.
Ние не можеме тука само да седиме, да гледаме вести и да плачеме. Ние сме тука за да помагамеТатјана Урбанович
Во Украина имаат нивни родители, роднини, сограѓани. После првичниот шок од воените напади, решени се да му помогнат на тамошното население.
„Ние не можеме тука само да седиме, да гледаме вести и да плачеме. Ние сме тука за да помагаме“, категорична е Татјана.
Досега наши компании се огласиле на нивниот повик и испратиле камиони со храна, вода, облека. Се зголемува и бројот на македонски граѓани што индивидуално се вклучуваат во хуманитарната акција.
„Луѓето донесоа. Еден палета шеќер, друг палета брашно. Дојде и една жена, донесе прво вода, а потоа и лекови. Благодарни сме за помошта што ни ја изразувате“, вели Олександр, обраќајќи се до македонските граѓани.
Според Обединетите нации, пак, на жителите на Украина им е потреба итна помош од 1,7 милијарди долари.