Линкови за пристапност

Делчево со хуманитарна помош за Украина


Делчево - хуманитарна помош за Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Општина Делчево е првата општина во Северна Македонија, која отпочна со акција за собирање на хуманитарна помош наменета за граѓаните на Украина. Делчево е збратимена општина со општините Вишгород и Тернопил во Украина. Собирниот пункт ќе биде отворен секој ден од 10 до 16 часот до 6-ти март по што ќе се организира транспорт на собраната донација до Амбасадата на Украина во Скопје.

„Во апелот за помош од Тернопил доставен до Општина Делчево се бара облека, храна, бебешка облека, пелени, се бара и медицинска опрема и лекови, подвижни кревети, носилки, како и генератори и пумпи“, рече Даниела Такева, советник за односи со јавноста во Општина Делчево.

„Апелираме осмомартовските подароци да се заменат со донации кои ќе значат многу на жените и децата во Украина“, рече Јасмина Ќурчиска, претседател на Комисијата за еднакви можности.

На првиот ден граѓаните донираа бебешки пелени и храна, средства за хигиена и храна, а според најавите од компаниите, се очекуваат донации и во лекови, санитетски материјали, облека и други потребни средства. Дополнително ќе биде испратена и парична помош во висина од 60.000 денари.

XS
SM
MD
LG