Линкови за пристапност

Повеќе од 874 илјади бегалци досега ја напуштиле Украина


Генералното собрание на Обединетите нации се очекува да гласа денес за резолуција која ја повикува Русија веднаш да ги повлече своите воени сили од Украина и да го осуди потегот на Путин за „зголемување на подготвеноста“ на нуклеарни сили во Русија.

Резолуцијата, која е необврзувачка, но го сигнализира меѓународното мислење, следи по неуспешните напори во Советот за безбедност на ОН каде Русија го искористи своето право на вето за да блокира слична резолуција.

Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН повеќе од 874.000 луѓе избегале од Украина кон соседните земји од почетокот на инвазијата. УНХЦР вели дека очекува дека оваа бројка може да достигне до четири милиони бегалци.

Комисијата на ЕУ во средата објави дека ќе даде привремени дозволи за престој на бегалците, во очекување на одобрување од земјите-членки. На украинските државјани и на оние со постојан престој ќе им биде дозволено да живеат, работат и да бараат образование во земјите на ЕУ. Истото би важело и за не-Украинците кои не можат безбедно да се вратат во нивната земја.

XS
SM
MD
LG