Сенаторите ќе добијат доверлив брифинг за вештачка интелегенција од Белата куќа

Белата куќа утре ќе ги информира сенаторите за вештачката интелигенција во доверливи услови додека законодавците размислуваат за усвојување на законски заштитни мерки за технологијата што брзо се движи.

Брифингот организиран од лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер и други сенатори, ќе биде првиот доверлив брифинг во Сенатот за вештачката интелигенција и ќе се одржи во чувствителна информативна постројка во Конгресот на САД.

На брифингот ќе бидат Аврил Хејнс, директор на Националното разузнавање, заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс, директорот на Канцеларијата за наука и технологија во Белата куќа Арати Прабакар и директорот на Националната агенција за геопросторно разузнавање Треј Виртворт.

Шумер им кажа на сенаторите во писмото дека брифингот ќе покаже како американската влада „користи и инвестира во вештачката интелигенција за да ја заштити нашата национална безбедност и да научи што прават нашите противници со вештачката интелегенција. Нашата работа како законодавци е да ги слушаме експертите и да научиме колку што можеме за да можеме да ги преточиме овие идеи во законодавна акција“.

Шумер, кој минатиот месец повика на „сеопфатна легислатива“ за решавање на вештачката интелигенција, вети дека ќе ги собере „врвните умови во вештачката интелигенција“ почнувајќи од септември за да се приклучат на „серијата форуми кои ќе започнат да поставуваат нова основа за политиката за вештачка интелигенција“.

Владите ширум светот размислуваат како да ги ублажат опасностите од новата технологија, а американските законодавци сè повеќе бараат брза акција за справување со ризиците.

Таканаречената генеративна вештачка интелигенција, која користи податоци за создавање на нови содржини, како „ЧетГПТ“, станува сè попопуларна и некои експерти велат дека може да го смени човечкото општество.

Во април, Шумер циркулираше рамка во која е наведен нов регулаторен режим за „спречување на потенцијална катастрофална штета за нашата земја, истовремено обезбедувајќи дека САД напредуваат и водат во оваа трансформативна технологија“.

Конгресот е тесно поделен и не постигна никаков консензус за законодавството за вештачка интелигенција. Во април, извршните директори на развивачот на „ЧетГПТ“, неговиот поддржувач „Мајкрософт“ и „Алфабет“ се состанаа со Бајден и други официјални лица за да разговараат за вештачката интелигенција.

Извор: Ројтерс