Линкови за пристапност

Вештачка интелегенција - опасност или придобивка


Технолозите велат дека клучот е да се најдат начини за минимизирање на опасната страна на вештачката интелигенција, а да се зголемат придобивките за општеството

Бидејќи вештачката интелегенција е тесно поврзана со денешниот свет, експертите велат дека ризиците кои ги носи, треба да се решат сега, бидејќи општествата за секојдневните потреби, стануваат се` позависни од технологијата.

„Тоа што денес го гледаме е доста бомбастично“, рече Том Сибел, претседател и главен извршен директор во компјутерската софтверска компанија „Ц3 Лот“, за време на неодамнешната Глобална конференција на Институтот Милкен во Лос Анџелес.

Експертите разговараа за придобивките но, и опасностите од технологиите кои им овозможуваат на машините да собираат и анализираат големи количини на податоци поврзани со останатите уреди.

Опасност од конектиран свет

„Мислам дека постои многу сериозна загриженост за која треба да бидеме свесни, бидејќи се однесува на агрегација на сите овие податоци. Многу од нив се податоци за лична идентификација, економски податоци, податоци за здравствената историја“, рече Сибел, фокусурајќи се за тоа како технологијата се применува во секојдневниот живот.

Експертите велат и дека вештачката интелигенција има потенцијал да ги остави луѓето без работните места.

„Ако имаме автономни возила, тогаш што ќе прават таксистите во Њујорк?“ рече Сибел. „Што се случува во корпоративниот свет, фирмите се соочуваат со масовно уништување. Од почетокот на овој век, 52 отсто од најдобрите 500 компании, исчезнаа од планетата“.

На нивно место се новите видови компании како што се Убер, Ер-би-ен-би, Амазон, па дури и автомобилската компанија Тесла. Тие постојат поради вештачката интелигенција. Овие технологии не влијаат само врз корпоративниот свет, туку претставуваат и закана за националната безбедност, рекоа технолошките експерти.

„Како најразвиена земја во светот, ние сме во најголем ризик. Најмногу се поврзуваме, а нашата мрежа може да се пробие“, рече Усман Шуја, чија компанија, Спарк Когнишан, работи со индустриски и клиенти од одбраната.

„Кога физичкиот свет се поврзува на интернет, не се работи само за крадење на податоци и интернет адреси (IP). Исто така, тоа може да предизвика и многу штета. Значи, со еден збор, со кибернетското-војување може да се нанесе и физичка штета“, додава Шуја.

„Денес, вештачката интелегенција стана предизвик, ако не го сториме тоа, некој друг може да го стори тоа, па тоа стана како трка. Ако не реагираме, некоја друга држава пред нас може да го направи тоа“, рече Шуја.

Експертите додаваат дека општествата и владите треба да се подготват за она што технологијата ќе го донесе и да предвидат како ќе се променат индустриите и општеството.

„Некој треба да носи закони. Некој треба да ги регулира. Ова се важни прашања, и ако не направиме нешто во врска со тоа, ќе ни биде подоцна жал“, предупреди Сибел.

Технологијата има импликации за богатите и земјите во развој, велат експертите.

Предности на машинско учење и вештачка интелегенција

Експертите предвидуваат дека придобивките од вештачката интелигенција и машинското учење ќе бидат видливи насекаде во секоја индустрија.

„Можеме да спасиме животи. Ние можеме да ги идентификуваме болестите, на начин на кој може да се предвидат. Можеме да ги искористиме здравствените податоци кои ги добиваме од фитнес апликациите, за да потоа ги откриеме здравствените проблеми многу порано пред да се појават“, рече Том Бианкули, главен службеник за технологија на „Зебра технолоџи“.

Вештачката интелигенција, може да и` помогне и на планетата, велат аналитичарите.

„Енергетските системи ќе бидат еколошки поефикасни“, истакна Сиебел.

Технолозите рекоа дека клучот е да се најдат начини за минимизирање на опасната страна на вештачката интелигенција, а да се зголемат придобивките за општеството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG