Линкови за пристапност

Конкуренцијата меѓу САД и Кина во вештачка интелигенција налага нови правила и прописи


Конкуренцијата меѓу САД и Кина во вештачката интелигенција се прошири во трка за дизајнирање и имплементација на сеопфатни прописи за вештачка интелигенција.

Напорите да се дојде до правила за да се обезбеди доверливост, безбедност и транспарентност на вештачката интелигенција доаѓаат во време кога владите ширум светот го истражуваат влијанието на технологијата врз националната безбедност и образованието.

ChatGPT или чет-бот кој имитира човечки разговор, доби огромно внимание од своето деби во ноември. Неговата способност да дава софистицирани одговори на сложени прашања со јазична флуентност споредлива со онаа на луѓето, го изненади светот. Сепак, неговите многубројни недостатоци, вклучувајќи ги и неговите навидум кохерентни одговори натоварени со погрешни информации и очигледна пристрасност, ги поттикнаа технолошките лидери во САД да алармираат.

„Што се случува кога нешто многу попаметно од најпаметното лице се појави во силиконска форма? Многу е тешко да се предвиди што ќе се случува во таа околност“, рече извршниот директор на Тесла, Илон Маск, во интервју за Фокс Њуз. Тој предупреди дека вештачката интелигенција може да доведе до „уништување на цивилизацијата“ без да се воспостават регулативи.

Сундар Пичаи, извршниот директор на Гугл, го повтори тоа чувство. „Со текот на времето мора да има регулација. Мора да има последици за создавање длабоки лажни видеа кои предизвикуваат штета на општеството“, рече Пичаи во интервју за програмата „60 минути“ на Си-Би-Ес.

XS
SM
MD
LG