Повредени 4 лица при руски напад во Харкив, рече Украина

  • VOA

Украинското национално знаме се вее на половина копје во Харкив во знак на сеќавање на жртви од ракетен напад на 8 октомври, 2023

Украина денес соопшти дека во руските напади во два дела на земјата биле ранети најмалку осум лица.

Во областа Херсон во јужна Украина, руските воздушни напади и артилериски оган ранија четири лица и оштетија голем број куќи, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко на социјалните мрежи.

Клименко, исто така, рече дека во рускиот напад во областа Харкив во североисточна Украина четири лица биле повредени.

Украина и Русија денес рекоа дека нивните војски, исто така, спречиле напади од непријателски возила без екипаж.

Руското министерство за одбрана соопшти дека уништило три украински чамци во северниот дел на Црното Море.

Русија, исто така, соопшти дека спровела „анти-саботажна“ операција во близина на пристаништето во Севастопол, каде што се наоѓа нејзината црноморска флота.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивната одбрана соборила шест беспилотни летала што Русија ги лансирала од Крим.

Дел од информациите во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс