Обвинителите предложија март 2024 да биде датум за судење на Трамп во Џорџија

Обвинителката на округот Фултон Фани Вилис, предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за обвиненијата за мешање во изборите да започне на 4 март 2024 година, датум што ќе го доведе Трамп во суд на средината на кампањата за републиканска претседателска номинација во 2024 година.

Вилис денес ја поднесе својата препорака во судското поднесување во кое, исто така, се вели дека првичните појавувања за различните обвинети во изборниот случај во Џорџија треба да се случат во текот на неделата на 5 септември.

На Трамп треба да му се суди во Њујорк на 25 март 2024 година, под одделни обвиненија за прикривање на исплата на порноѕвезда - распоред што поранешниот претседател сигурно ќе го доведе во прашање како одговор на препорачаниот датум за почеток во Џорџија.

Адвокатите на Трамп во други кривични случаи тврдеа дека секое судење ќе биде закажано по претседателските избори во САД во ноември 2024 година.

Тој треба да оди на судење во Флорида во мај под обвинение дека задржал чувствителни владини документи по напуштањето на функцијата.

Канцеларијата на американскиот специјален советник Џек Смит, исто така, побара од федералниот судија во Вашингтон да закаже датум за почеток на судењето на 2 јануари за обвиненијата дека Трамп планирал да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година.

Адвокатите на Трамп се соочуваат со краен рок в четврток да предложат свој датум за судење во тој случај.

Извор: Ројтерс