Линкови за пристапност

Реакции по обвинението против Трамп за изброите во Џорџија


За републиканците обвиненијата се политички мотивирани, додека за демократите никој не е над законот.
За републиканците обвиненијата се политички мотивирани, додека за демократите никој не е над законот.

По обвинението на големата порота во Џорџија против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и 18 други лица за наводно поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, демократските ова го протолкуваа како како потег кој покажува дека никој не е над законот, додека за републиканците тоа е политички мотивиран чин против кандидат за изборите во 2024 година.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер и лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис во заедничка изјава рекоа дека обвинението од понеделникот, а и претходните, покажуваат „повторен модел на криминални активности од страна на поранешниот претседател“.

„Активностите преземени од окружниот обвинител на округот Фултон, заедно со другите државни и федерални обвинители, го потврдуваат заедничкото верување дека во Америка никој, дури ни претседателот, не е над законот“, велат Шумер и Џефрис.

Претседателот на републиканскиот Претставнички дом, Кевин Мекарти, на социјалните мрежи напиша дека претседателот Џо Бајден „ја вооружил владата против својот водечки политички противник за да се меша на изборите во 2024 година“ и ја обвини окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис дека „го нападнала претседателот Трамп и оти ова го користи за нејзината кариера“.

Демократската конгресменка Никема Вилијамс, чиј округ опфаќа дел од округот Фултон, рече дека Трамп се обидел да ги обесправи гласачите во Џорџија затоа што не му се допаднал резултатот по поразот на изборите во 2020 година кои ги нарече фер избори.

Тоа беше напад врз демократијата.
Никема Вилијамс, демократка

„Тоа беше напад врз нашата демократија. Но, во округот Фултон го применуваме законот подеднакво за сите - дури и неуспешните поранешни претседатели“, напиша Вилијамс.

Според адвокатскиот тим на Трамп, обвинението е „несомнено исто толку погрешно и неуставно како што беше целиот овој процес“.

„Оваа еднострана презентација на големата порота се потпираше на сведоци кои имаат свои лични и политички интереси - од кои некои водеа кампањи со кои ги промовираа нивните напори против обвинетите и/или профитираа од зделки за книги и можности за вработување како резултат“, рекоа адвокатите на Трамп доцна во понеделникот.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која загуби од Трамп на претседателските избори во 2016 година, за „MSNBC“ изјави дека поранешниот претседател кој е обвинет за важни злосторства „е ужасен момент за САД“.

„Единствената сатисфакција можеби е што системот работи, што сите напори на Доналд Трамп, неговите сојузници и неговите овозможувачи да се обидат да ја замолчат вистината, да се обидат да ја поткопаат демократијата, се изнесени на виделина, а правдата се спроведува“, рече Клинтон.

Политички напад во ловот на вештерки на демократите против Трамп.
Џим Џордан, републиканец.

Републиканскиот конгресмен Џим Џордан на социјалната мрежа „Х“ („Твитер“) напиша дека обвинението „е само последниот политички напад во ловот на вештерки на демократите против претседателот Трамп“.

„Тој не направи ништо лошо“, напиша Џордан.

XS
SM
MD
LG