Линкови за пристапност

Големата порота во Џорџија која го истражува мешањето на Трамп во изборите 2020 поднесе обвиненија


Официјални лица од окружниот суд Фултон му го предале обвинението на судијата Роберт Мекбарни, но не го објавија јавно; не е јасно дали обвиниението го вклучува поранешниот претседател Доналд Трамп
Официјални лица од окружниот суд Фултон му го предале обвинението на судијата Роберт Мекбарни, но не го објавија јавно; не е јасно дали обвиниението го вклучува поранешниот претседател Доналд Трамп

Големата порота во Џорџија која ги истражуваше обидите на Доналд Трамп да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година, денес поднесе кривични обвиненија, иако не е јасно дали го вклучуваат поранешниот претседател.

Официјални лица од окружниот суд Фултон му ги предале обвиненијата на судијата Роберт Мекбарни, но не ги објавија јавно.

Медиумските извештаи објавија дека големата порота вратила 10 обвиненија, но не кажа кој е обвинет или какви обвиненија се покренати.

Случајот, поднесен од окружниот обвинител на округот Фултон Фани Вилис, може да додаде на легалните проблеми со кои се соочува Трамп, фаворит во трката за републиканска номинација за претседателските избори во 2024 година.

На 2 јануари 2021 година, Трамп го повика највисокиот изборен функционер во Џорџија Бред Рафенспергер, да „најде“ доволно гласови за да ја врати својата мала загуба во сојузната држава.

Рафенспергер одби да го стори тоа.

Четири дена подоцна, на 6 јануари 2021 година и две недели пред Трамп да ја напушти функцијата, неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на САД во неуспешен обид да ги спречат законодавците да ја потврдат победата на Бајден.

Вилис, исто така, ја истражуваше наводната шема на кампањата на Трамп за поткопување на изборниот процес во САД со поднесување на лажни листи на електори, луѓе кои го сочинуваат Изборниот колеџ што ги избира претседателот и потпретседателот.

Трамп негираше дека сторил нешто лошо и ја обвинува Вилис, избрана демократка, дека е политички мотивирана.

Трамп (77) досега трипати оваа година беше кривично обвинет, вклучително и еднаш од американскиот специјален обвинител Џек Смит под сомнение дека се обидел да го поништи неговиот изборен пораз.

Тој долго време ги отфрли многуте истраги, вклучително и два импичмента со кои се соочи, како политички мотивиран „лов на вештерки“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG