Американскиот специјален советник Дејвид Вајс, кој ја води истрагата против синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, денес пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, предводен од републиканците, изјавил дека не се соочил со политичко мешање, што е спротивно на претходното сведочење на свиркачите.
Вајс го обвини Хантер Бајден (53) за кривични дела поврзани со поседување огнено оружје додека користел нелегални дроги.
Синот на претседателот изјави дека се борел со зависноста од алкохол и кокаин.
Републиканците во Претставничкиот дом тврдат дека Одделот за правда неправилно се мешал во истрагата на Хантер Бајде.
Белата куќа негираше какви било злоупотреби.
Демократите велат дека истрагата за импичмент е политички мотивирана.
„Во текот на оваа истрага, обвинителите во мојот тим и јас донесовме одлуки врз основа на фактите и законот“, рече Вајс за време на сведочењето зад затворени врати, според неговите подготвени забелешки.
„Политичките размислувања не одиграа никаква улога во нашето одлучување“.
Вајс им рекол на законодавците дека имал и продолжува да има целосна власт над неговата истрага.
Во согласност со политиката на Одделот за правда, Вајс нема да се осврне на спецификите за неговата истрага.
Генералниот обвинител Мерик Гарланд, исто така, сведочеше пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на јавната расправа во септември.
Истрагата за импичмент беше поздравена од поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој е фаворит за републиканската претседателска номинација за повторно да се соочи со Бајден на изборите во 2024 година.
Трамп е, исто така, првиот американски претседател кој двапати е отповикан.
Сенатот и двата пати го ослободи од обвиненијата.
Првично номиниран за време на администрацијата на Трамп, на Вајс му беше дозволено да остане на местото под Бајден.