Линкови за пристапност

Конгресна комисија ќе одржи сослушување за истрагата за импичмент на претседателот Бајден


Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом на САД ќе го одржи првото сослушување во четврток во врска со истрагата за импичмент против претседателот Џо Бајден.

Републиканското мнозинство на Комисија објави дека распитот ќе се фокусира на уставни и правни прашања.

Претседавачот на Комисијата, Џим Комер, рече дека телото „ќе презентира докази откриени до сега и ќе слушне од правни и финансиски експерти за престапите што претседателот и синот Хантер можеби ги извршиле“.

Бајден негираше дека сторил нешто лошо.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им рече на новинарите претходно овој месец дека притисокот за отповикување од републиканците е „неоснована. „Доказите не постојат и ова е политички трик“, рече Жан-Пјер.

Спикерот на Претставнички дом, Кевин Мекарти, ја започна истрагата за импичмент овој месец, со фокус на странските деловни зделки на Хантер Бајден, синот на претседателот.

Републиканците тврдат дека кога Бајден бил потпретседател, Хантер Бајден го користел презимето за да го унапреди својот бизнис со странски клиенти.

Републиканците, исто така, велат дека самиот претседател профитирал од бизнисот на неговиот син.

Некои информации се од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG