Јавниот обвинител Мерик Гарланд во средата се соочи со своите најжестоки критичари додека републиканците во Претставничкиот дом користеа рутинско надзорно сослушување за да го испрашуваат за, како што тврдат, „вооружувањето“ на Одделот за правда под актуелниот претседател Џо Бајден.
Гарланд се појави пред Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом за прв пат по две години и тоа во време без преседан во историјата на Одделот за правда: тој надгледува два случаи против Доналд Трамп, првиот поранешен претседател кој се соочи со кривична пријава и уште еден против синот на актуелниот претседател, Хантер Бајден.
Републиканците во Комисијата - предводени од претседавачот Џим Џордан, излегоа со серија обвинувања дека Одделот за правда го штити семејството Бајден, а мета е неговиот противник Трамп.
„Има една истрага што го штити претседателот Бајден. Има уште една истрага што го напаѓа претседателот Трамп“, рече Џордан, републиканецот од Охајо, во својата воведна изјава.
Гарланд ја бранеше најголемата агенција за спроведување на законот во земјата – со повеќе од 115.000 вработени - во време кога политичките и физичките закани против агентите и нивните семејства се во пораст.