Фасцинантни нови фотографии на роботското возило Кјуриозити на НАСА.
Најновите фотографии што ги испрати роботското возило Кјуриозити покажуваат очигледни докази дека на Марс некогаш имало вода, неопходниот елемент за живот, велат американските научници.
Карпеста формација на Марс за која научниците сметаат дека некогаш била дел од речно корито.
На фотографиите на роверот на НАСА, направени во кратерот на Марс каде се приземји минатиот месец, се гледаат заоблени камчиња во карпестото корито, за кои научниците тврдат дека таму ги донела подвижна вода, најверојатно длабока река во која имало изобилство од микроорганизми.
Мисијата на Кјуриозити, да ја истражува површината на Црвената планета, ќе трае околу две години.