Роботското возило-лабораторија Кјуриозити на НАСА по осумесечно патување денес успешно се приземји на Марс, со тоа отворајќи нова етапа во истражувањето на евентуални услови за живот на Црвената планета.
Роверот почна да испраќа фотографии веднаш по спектакуларното приземјување. Кјуриозити влезе во атмосферата на планетата со брзина од над 22.000 километри на час, но со помош на падобран, ракети и вселенска дигалка, забави доволно за меко спуштање. Опремен е со најсовршените инструменти што едно возило за истражување на Марс ги имало досега, а во наредните две години ќе ги испитува геологијата, климатските услови и радијацијата на Марс.
Претседателот Обама изјави дека успешното слетување на Кјуриозити “одбележува несекојдневен триумф на технологијата што ќе послужи како ориентир за националната гордост далеку во иднината“.
Управникот на НАСА Чаркс Болден, пак, се надева дека најновото возило-лабораторија ќе даде одговор на прашањата дали на Марс некогаш постоел живот, и дали може да постои во иднина.

„(Слетувањето на Кјуриозити) одбележува несекојдневен триумф на технологијата што ќе послужи како ориентир за националната гордост далеку во иднината“.Барак Обама, претседател на САД